Општина Карпош повикува „Да му дадеме нов изглед на стариот мебел“

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во вторникот се сретна со Надица Кипровска и Орхидеја Огњановска кои му предложија интересна идеја, која воедно претставува нивен мал бизнис.

Нивната фирма се вика „Urban Old“ и се занимава со собирање стар мебел, кој потоа го реставрираат и му даваат нов современ изглед. Нивната идеја и инвентивност, навистина го изненадија позитивно, првиот човек на Општината.

За таа цел, се повикуваат сите граѓани од Карпош кои сакаат да се ослободат од стариот непотребен мебел, тоа да го сторат обраќајќи ни се на општинската интернет и фејсбук страница или,пак, на следниве e-mail адреси: gradonacalnik@karpos.gov.mk; kontakt@karpos.gov.mk;

Доколку постои интерес, Општина Карпош ќе помогне овој кооперативен однос да заживее.

За повеќе информации можете да ја посетите интернет страната urbanold.com; фејсбук фан-страната urbanold.on; или пак контактирајте преку електронската пошта urbanold.on@gmail.com