недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 32

Општина Кисела Вода досега легализираше 5080 дивоградби

Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 3891.

img_1133-1

Последни вести

Општина Кисела Вода продолжува со процесот на легализација на дивоизградените објекти. Денеска нови 50 семејства се стекнаа со документ со кој станаа реални сопственици на својот дивоизграден објект.
Од досега поднесените 13853 барања за легализација, бројот на легализирани бесправно изградени објекти заклучно со денешниот ден се искачи на 5080.img_1156

Со тоа, оваа локална самоуправа направи уште еден чекор  во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа.

Претставува можност за изготвување на нови детални урбанистички планови, со што се дава шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките.

Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 3891. Исто така, изготвени се уште 267 урбанистички согласности, од кои, за 205 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.

Најчитани вести