недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 0

Општина Кисела Вода ги награди најталентираните од манифестацијата „Јас сум талент во моето училиште“

Манифестацијата ги опфаќа учениците од ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов‘‘, ДУЦОР “Партенија Зографски”, ПОУ “Д-р Златен Сремац”, но и од сите основни училишта од општина Кисела Вода.

Последни вести

По шести пат, во ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов‘‘, со поддршка од општина Кисела Вода, се одржа манифестацијата “Јас сум талент во моето училиште”.

Манифестацијата  ги опфаќа учениците од ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов‘‘, ДУЦОР “Партенија Зографски”, ПОУ “Д-р Златен Сремац”, но и од сите основни училишта од општина Кисела Вода.

talenti4

Тие се претставија со музички точки, балетски точки, свиреа на музички инструменти, секој во она што е најдобар, покажувајќи го својот талент, креативност и посветена работа, едновремено промовирајќи ја идејата за зближување на луѓето без оглед на нивните разлики.

talenti3
Директорот на ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов‘‘, Горанчо Јакимов им се заблагодари на сите училишта кои се одзваа на поканата да бидат дел од манифестацијата и ја истакна благодарноста до градоначалникот на општина Кисела Вода за континуираната соработка.

talenti2

Потенцираше дека поддршката што ја добива  е показател дека се работи за локална самоуправа која секогаш ги промовира еднаквите можности за секој поединец и се заблагодари што и годинава, Кисела Вода ги обезбеди паричнитенагради за првите три места.

talenti1
Жирито во состав Зоран Џорлев и Светлана и Мики Црнокрак, едногласно одлучи првото место да му припадне на Денис Димитров од ,,Димитар Влахов‘‘, второто место да го освојат учениците од ООУ “Кузман Јосифовски-Питу” , додека третото место им припадна на танчарите од ДУЦОР “Партенија Зографски”.

Најчитани вести