Општина Кисела Вода ја исчисти дивата депонија кај Теферич

Исчистена е дивата депонија кај Теферич. Сезонските работници организирани од страна на Секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО, со камион го отстрануваа отпадот оставен од несовесни граѓани и покрај сите апели и засилените инспекциски контроли од страна на општината. Во текот на расчистувањето беа собрани околу 12 тони смет и шут.

Општина Кисела Вода во континуитет спроведува акции за чистење на микро локации и црни точки на нејзината територија, каде се создаваат диви депонии. Оттаму апелираат до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина.

теферич1

Воедно, информира дека заедно со ЈП Комунална хигиена на 04 и 05. 03. 2016 година од 07,00 – 11,00 часот ќе спроведе акција за собирање на кабаст отпад  на територија на општината. Акцијата ќе се спроведе пооделно по урбани заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот според следната динамика:
04. 03. 2016 година од 07,00 – 11,00 часот: УЗ. Цветан Димов, УЗ. Бирарија, УЗ. Црниче, УЗ. Пржино и УЗ. 11-ти Октомври – згради
05. 03. 2016 година од 07,00- 11,00 часот: УЗ. Кисела Вода, УЗ. Расадник, УЗ. 11-ти Октомври – бараки, УЗ. Пинтија, УЗ. Бобан Трпков-Драчево, МЗ.село Драчево и МЗ. Припор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.