Општина Кисела Вода ќе ја реконструира улицата „Доситеј Обрадовиќ”

Општина Кисела Вода распиша во понеделникот тендер за реконструкција на улицата „Доситеј Обрадовиќ”.

На потегот меѓу улиците „Иван Козаров” и „Дичо Петров”, каде се протега оваа улица во урбаната заедница Цветан Димов, ќе се врши рехабилитација на постоечкиот асфалтен коловоз кој е со ширина од 5,30 метри и е со видливи оштетувања.

Освен поставување на нов асфалтен слој, градежните работи треба да опфатат и подигнување на постоечките шахти до висина на новата нивелета. Ќе бидaт поставени и нови рабници на тротоарите.