Општина Охрид: Знаеме дека секој денар вложен во училиштата му „боде очи” на СДСМ

Луксуз не постои во нашиот лексикон. Тоа беше синоним за вашето потопување на општина Охрид, велат од општина Охрид, како реакција на соопштението на СДСМ.

Во продолжение интегрално соопштение од Општина Охрид:

Локалната самоуправа на Охрид уште од првиот ден на својот мандат е целосно посветена на решавање на натрупаните и долго запоставени проблемите во основните и средни училишта што како наследство ги доби од претходната власт. Освен атстрономските долгови и индиферентност во судските постапки кои доведоа до блокади на сметките на училиштата, оваа локална администрација наиде и на мноштво запоставени и распаднати кровови, училници, дворови, училишни спортски сали, санитарни чворови и подови. Во период од три и пол години овој состав на општината успеа да сервисира значајни финансиски задолжувања на школите, а во исто време со домаќинско работење да обезбеди и финансиска конструкција за бројни реконструктивни и санациони зафати во основните и средни училишта:

  1. Реконструкција во ОУ „Кочо Рацин“ – замена на санитарните јазли и на кровната конструкција;
  2. Реконструкција на ОУ „Живко Чинго“ – поставување на термо – фасада и замена на санитарните јазли;
  3. Реконструкција на кровот во ОУ „Григор Прличев“;
  4. Пренамена и адаптација на простор за отворање на ново училиште во с. Ливоишта;
  5. Реконструкција во ОУ „Братство Единство“ каде се вршеше замена на дограмата и столаријата.
  6. Исплатени се сите долгови во средните училишта, а редовно се серивисираат долговите и обврските во основните училишта;
  7. Комплетно се реконструира спортската сала која е во склоп на училиштето во Косел;
  8. Комплетно опремен кабинет по биологија во ОУ „Григор Прличев“;
  9. Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се изгради пешачка патека која значително го подобри движењето на учениците, се обезбедија и адаптираа простории за „Центарот за кариера“;
  10. Отворена библиотека во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.

Пред почетокот на секоја учебна година редовно во сите основни и средни училишта се врши молерисување и санација на оштетените делови.

И знаеме дека секој денар вложен во училиштата и секоја инвестиција и реконструктивен зафат во истите ”боде очи” на раководството на СДСМ Охрид, но тоа нас не не обесхрабрува во нашите напори да обезбедиме подобри услови за воспитување и образование на учениците. Недовршените и некоректно изведени работи се нотирани од страна на надлежните служби и даден е налог за нивно ургентно завршување и корекција, за што е добиено ветување од страна на изведувачот дека истото ќе биде завршено и санирано во текот на оваа недела.

Но тука нема да застанеме, Охрид непрекинато се гради и обновува и тоа ќе продолжи со уште позасилено темпо во периодот што следи. Тоа е наша обврска и за тоа не задолжиле граѓаните на Охрид. Задоволството од преку 400 реализирани проекти очигледно е обострано. Ние ќе го следиме нивниот импулс и нивните барања, без разлика за каков тоа ”луксуз” вие зборувате. За какви тоа задолжувања за некое си довршување на патеката ги манипулирате граѓаните?! Зарем толку не можете да се помирите со нејзината убавина па ви се потребни лаги за утеха?!

Луксузот беше синоним за вашето 8 годишно владеење со Охрид, изразен преку безбројни скапи репрезентации и патувања, непродуктивни трошења, астрономски фиктивни услуги и ”небесни” тендери, заради кои потона општината. Замислете колку ќе беше поубаво за Охрид ако и СДСМ за своите експропријации спроведуваше законски процедури и истите ги исплаќаше? Во тој случај ќе немаше судски процеси кои однапред беа осудени на неуспех и секако ќе немаше долгови.

Во тек се или следат бројни нови проекти на кои граѓаните ќе се восхитуваат и ќе ги паметат.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.