Општина Прилеп најави цензура на „непрофесионалните“ медиуми

(ФБ статус на прилепскиот телевизиски канал, Канал Визија)

ОПШТИНА ПРИЛЕП НАЈАВИ ЦЕНЗУРА НА „НЕПРОФЕСИОНАЛНИТЕ“ МЕДИУМИ

Во текот на вчерашниот ден, поголем број од новинарите и медиумите од Прилеп како и регионот добија барање од страна на „ПР стратегот“ на Општина Прилеп за доставување на листа на новинари кои ќе бидат акредитирани за следење на работата на општината.

Но, поголема вознемиреност и напнатост на медиумите се створи после најавата дека самата општина ќе оценува кои новинари и медиумски куќи се професионални и способни заследење на нивната работа а кои не. Збунети и крајно изреволтирани поголем број од новинарите се самоорганизираа и доставија протест до здружението на новинари на Македонија со кои бараат да му се објасни која е таа институција или „способно лице“ кои ќе биде задолжено за проверка на стручноста и професионалноста на новинарите и медиумите, и дали е законски една општина да проверува кои новинари и медиумски куќи се регистрирани а кои не за вршење на новинарска дејност.

Со овој потег новинарите сметаат дека се нарушува демократијата и транспарентното известување на општината а воедно и ја осудуваат секоја селекција или дескриминација на одредени новинари и медиумски куќи.