петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 15

Општина Прилеп до СДСМ: Вие оставивте дива градба, а ние правиме стадион согласно критериумите на УЕФА

pobeda-pp-640x292

Последни вести

Очигледно Ви е проблем и не сакате да верувате дека успешно ќе се заврши секој еден проект што Локалната самоуправа започнува да го реализира. Ние како и секогаш ќе Ве испочитуваме и ќе Ве поканиме на свеченото пуштање во употреба на комплетно реконструираниот градски садион „Гоце Делчев“, Општина Прилеп реагира на прес конференцијата на СДСМ.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на општина Прилеп

Само да Ве потсетиме дека  градскиот стадион беше дива градба  оставена на милост и немилост од Вашето време, а благодарение на законите кои ги донесе Парламентот предводен од  оваа Влада стадионот   веќе е легална градба и веќе е сопственост на Општина Прилеп.

Со реконструкцијата согласно критериумите на УЕФА ќе се санираат трибините за публика, ќе се покријат северната и јужната трибина, комплетно ќе се санираат сите простории во објектот, ќе се постави  ново осветлување  и комплетно ќе се реконструира спортскиот терен, а реконструкција е веќе во тек и ќе се започне со инсталирање на дренажниот систем.

Во изминатите 10 години изградивме 4 нови спортски сали во градот,  а ги реконструиравме останатите, изградивме повеќенаменски игралишта, тениски терени, фудбалски терени во населените места, скејт-парк, мотокрос патека, фитнес зони, уредивме патеки за трчање, изградивме фудбалски терен со вештачка трева, обезбедивме услови Прилеп да го промовираме како светска дестинација за авантуристички туризам параглајдерство и болдеринг и континуирано финансиски ги помагаме младите спортисти од Прилеп, спортските клубови и иконите на прилепскиот спорт ФК Победа и РК Прилеп. Сето ова како заложба на градот заслужено да му го вратиме епитетот спортски центар и Најфудбалски град во Македонија.

Спротивно на ова, Ваш препознатлив начин на работа е грижата за спортот и младите на ХАРТИЈА  и преку популистички пресови и ветувања немате поставено ни еден маалски кош во општината, нити пак имаат доставено иницијатива, а камоли реализирано проекти за подобрување на спортот  и поддршка на младите.

 

Најчитани вести