Општина Шуто Оризари ќе додели 100 решенија за легализација на дивоградби

Скопската општина Шуто Оризари, денеска, свечено ќе ги додели доделени првите 100 решенија на граѓаните, за за легализација на диво изградени објекти.

Со цел исправање на долгогодишната неправда која им е нанесена на жителите на општина Шуто Оризари со задржување на нивните предмети за добивање на правото врз своите имоти, јас и мојот тим поставивме цел во првиот месец од нашата работа да доделиме 100 решенија за легализација на дивоградби.  Успеавме со мал и посветен тим да докажеме дека сепак можеме и мораме да им ги вратиме правата на граѓаните, соопштува градоначалникот на шуто Орузари, Курто Дудуш.