петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 75

Општините до 7 ноември може да аплицираат за средства од Светска банка

Oпштините аплицирале и искористиле 56 милиони евра кои ги дава Светска Банка.

nikola-gruevski-izjava

Последни вести

До 7 ноември кога е рокот, достапни се 25 милиони евра од Светска банка кои општините може да ги искористат за аплицирање за инфраструктурни проекти, истакна денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој посочи дека досега општините аплицирале и искористиле 56 милиони евра кои ги дава Светска Банка. Груевски воедно упати апел до општините да аплицираат и да ги искористат овие средства.

Станува збор за поволни средства со рок од 10 години за исплата, грејс период од три години и ниска каматна стапка.

Најчитани вести