Општините ќе пратат дополнителна помош на терен

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска одржаа координативен состанок со градоначалниците од Скопскиот плански регион за дополнително интензивирање на расчистувањето на последиците од катастрофалното невреме што го зафати Скопје.

Градоначалникот Трајановски изрази благодарност до градоначалниците на општините од скопскиот плански регион за досегашната поддршка и активностите на терен и побара дополнителна помош од општините за расчистување на последиците од катастрофалното невреме.
koce-2

Градоначалникот Трајановски побара од општините да се вклучат со дополнителна помош, и тоа, хуманитарна помош како главен приоритет, работници и механизација. Во однос на механизацијата, Трајановски информираше дека на терен се потребни мали камиони – скипери.

koce-3

Градоначалниците од општините од Скопскиот плански регион истакнаа дека нивни екипи се веќе активни на терен и дека ќе пратат и дополнителна помош, а исто така ќе апелираат и приватните фирми со кои соработуваат за да се обезбеди дополнителна механизација.

Екипите на Град Скопје ќе останат во погодените подрачја се додека не се создадат услови граѓаните да се вратат во своите домови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.