петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 4

Општините воведуваат енергетски ефикасни системи за осветлување

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски истакна дека целта е на граѓаните да им се понуди улично осветлување со најнова технологија, помало загадување, енергетска ефикасност и користење помалку средства од општинските буџети.

133371578

Последни вести

Претставници од повеќе општини во Македонија, финансиски институции и приватни компании денеска дебатираат на конференцијата „Улично осветлување-стекнати знаења и резултати“.

Конференцијата е во рамки на проектот „Улично осветлување-стекнати знаења и резултати“, кофинансиран од Програмата интелигентна енергија во Европа, а спроведуван од проектните партнери МАЦЕФ (Центар за енергетска ефикасност на Македонија) и Град Скопје.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски истакна дека целта е на граѓаните да им се понуди улично осветлување со најнова технологија, помало загадување, енергетска ефикасност и користење помалку средства од општинските буџети.

Тој потсети дека пред околу две и пол  години го означиле почетокот на реализацијата на проектот „Улично осветлување – ЕПЦ“. Досега се одржале повеќе консултативни средби со институции, здруженија, општини, јавни претпријатија, фирми, финансиски институции кои работат со улично советлување и се согледала моменталната состојба со уличното осветлување, како потреби, законски норми, финансиска поддршка….

– Анализите покажаа дека за реализација на овој тип договори потребно е континуирано усовршување на Законот за јавни набавки, првенствено врз база на искуствата на некои општини кои инвестираа во ваков тип проекти. Потребно е да се формираат и ЕСКО компании, рече Трајановски.

Тој потенцира дека е потребна соработка меѓу општините, финансиските институции, агенциите и невладини организации за да се постигне успех.

Според професорот Константин Димитров од МАЦЕФ, целта е во Македонија да се поттикне законска одредба и формирање на ЕСКО компании (енергетски сервиси компании).

– Дел од општините веќе ги имаат заменето светилките, а дел работат на своите програми за да го направат тоа. Некои ги поттикнуваме да почнат да размислуваат во таа насока. Се спроведува, се работи иако не секаде веднаш да одат со лед светилки, туку се купуваат системи кои се енергетски ефикасни и поевтини. Во Македонија е разбудена свеста, потенцира Димитров.

Најчитани вести