Оралниот секс ги зголемува шансите за рак на грлото

Оралниот секс ги зголемува шансите за рак на грлото. Според најновите истражувања, цигарите и алкохолот повеќе не се главни причинители на овој опасен вид тумор.

Се верува дека оралниот секс претставува главен начин за инфекција со ХПВ вирусот што се поврзува со ракот на грлото на матката. Таа група вируси влијае на кожата и на влажноста во мембраните во телото, вклучително и на анусот, грлото на матката, устата и грлото.

ХПВ -16 е добро познат причинител на тумор на грлото, кој влијае на средниот дел од грлото и на јазикот. Во истражувањето на научниците од медицинскиот факултет Алберт Ајнштај во Љујорк се наведува дека луѓето го носат тој вирус во устата и дека токму оралниот секс го зголемува ризикот од тумор за 22 отсто.

Иако ракот на грлото обично се поврзува со пушењето цигари и со прекумерното внесување алкохол, во последно време се повеќе се поврзува со ХПВ.

Се пренесува од кожа на кожа и тоа не само за време на сексуален однос, а луѓето може да се заразат во било кој период од животот.

Кај поголемиот дел од луѓето токму имуниот систем е заслужен затоа што не заболуваат. Но, доколку ситуацијата се искомплицира, може да дојде до рак на анусот, пенсиот, грлото на матката, вагината и устата.

Истражувањето се заснова на анализата на брис од уста на 97.000 лица, а нивната состојба била следена во период од 4 години.

Во студијата е покажано дека лицата што имаат повеќе од 6 партнери со кои имаат орален секс, имаат зголемен ризик за заболување од некои од овие видови рак.