Орав: Ги повикуваме сите релевантни актери да придонесат за излез од актуелната криза

Интересот на граѓаните мора да биде над интересот на политичките партии за да се надмине актуелната политичка криза му порачаа амбасадорите од 17 земји членки на ЕУ на премиерот Никола Груевски. Повеќе од еден час во неговиот кабинети, амбасадорите разговарале за актуелната политичка состојба во Македонија, за начините на кои може да се постигне решение и како тоа да се постигне што побргу.

– Денеска слушнавме од премиерот за тоа какви се неговите погледи во однос на справувањето со сериозното прашање на владеење на правото и обновувањето на довербата во институциите. Ги повикуваме сите релевантни актери да придонесат кон  брзо исполнување на овие обврски со добра волја, со цел да се изнајде одржливо решение за излез од актуелната криза, рече евроамбасадорот Орав од името на амбасадорите на земјите членки на ЕУ кои присуствуваа на денешната срдба во Владата.

Средбата, според амбасадорите на земјите членки на ЕУ не е поврзана со вчерашните разговори, туку била закажана претходно. Аиво Орав порача дека амбасадорите ќе се сретнат и со останатите партиски лидери со кои ќе разговараат на истата тема. Тие ги поздравија вчерашните конструктивни разговори под покровителство на комесарот Хан и ги повикаа сите политички чинители да се посветат на процесот за што поскоро изноѓање на позитивно решение.