Македонија

Орав ќе го предаде Извештајот за напредокот во Собранието

Орав ќе го предаде Извештајот за напредокот во Собранието
Орав ќе го предаде Извештајот за напредокот во Собранието

Евроамбасадорот Аиво Орав попладне на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ќе му го врачи Извештајот за напредокот на земјата на ЕК.

На средбата, како што најави Кабинетот на Вељаноски, ќе присуствуваат потпретседателите на Парламентот, координаторите на пратеничките групи во Собранието и претседателите на комисијата за европски прашања, за надворешна политика, Националниот совет за евроинтеграции и Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-РМ.