Орав ќе им го предаде извештајот на ЕК на Груевски и Иванов

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денес ќе оствари средба со евроамбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија Аиво Орав.

Како што соопштуваат од Владата, во рамки на средбата Орав ќе го предаде Извештајот за напредокот на Република Македонија кон Европската Унија за 2014 година.

Претходно евроамбасадорот ќе оствари средба со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов на кго исто така ќе му во врачи Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2014 година, подготвен од Европската комисија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.