четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 0

Орав: Мислам дека сите партии ќе сфатат многу сериозно и ќе се подготвуваат за изборите на 5 Јуни

Амбасадорот на ЕУ во Македонија Аиво Орав, се надева дека сите партии ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори кои се закажани на 5 Јуни.

orav-tvnova

Поврзани вести

Амбасадорот на ЕУ во Македонија  Аиво Орав, се надева дека сите партии ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори кои се закажани  на  5 Јуни.

Тој  констатира дека во делот на медиумите е постигнат одреден баланс и таквата  ситуација треба да продолжи и по изборите на 5 Јуни.

Орав   во интервју за ТВ НОВА одговара дали постои волја  кај сите партии за учество на изборите на 5 Јуни.

Да мислам дека доколку  намерата на парламентот било тоа,  да ги одложи изборите во тој правец , мислам дека сите партии ќе го сфатат многу сериозно и ќе се подготвуваат за изборите на 5 Јуни.  Добрата работа е дека сега имаме доволно време да обезбедиме  еднакви шанси за сите партии, за да има кредибилни и фер избори. Се надевам  дека  избирачкиот список ќе биде прочистен и  имаме  доволно време за тоа.  Во делот на медиумите видовме  неколку чекори кон балансирано известување и сега е клучно тоа да продолжи  по распуштањето на парламентот и по изборите на  5 Јуни, рече Орав.

Најчитани вести