Орав: Проценката за изборите ќе биде објавена во петок

Во овој момент е важно е да се каже дека проценката се уште не е подготвена, може да биде во една или друга насока, а тоа зависи односно е во рацете на партиите.

Ова го изјави денеска евроамбасадорот Аиво Орав, одговарајќи на новинарско прашање што може да се очекува в петок, кога е последниот рок ЕУ и САД да дадат оценка дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 24. април, согласно договорот од Пржино, пренесува МИА.

Сеуште неизвесно доаѓањето на Хан во Скопје

Евроамбасадорот не потврди дали еврокомесарот за проширување Јоханес Хан в петок ќе пристигне во Скопје и ќе има средби со лидерите на четирите политички партии потписнички на договорот од Пржино.

Појасни дека извештајот на Прибе е многу важен, но во оваа фаза ЕУ не го вклучува во проценката, бидејќи, истакна, сега проценуваат само дали земјата ќе биде подготвена за изборите на 24. април.

Сеуште неизвесно доаѓањето на Хан во Скопје
Сеуште неизвесно доаѓањето на Хан во Скопје

Процесот со извештајот на Прибе и итните реформски приоритети ќе продолжат. Како што се сеќавате во нашиот извештај за напредокот на земјата во ноември, ЕК даде условена препорака и затоа ќе се навратиме на ова прашање по изборите. Во извештајот што ќе го подготвиме по изборите, планираме да се осврниме и на извештајот на Прибе, нагласи Орав на денешната прес-конференција во СЕП на која беше претставен ИПА статусот на спроведување.

Според него…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.