Орбан: ЕУ и Сорос се виновни за бегалската криза

Според унгарскиот премиер Виктор Орбан, обединетоста со Полска и со Чешка ќе ја запре глобализацијата и масовната миграција.

Додаде дека Централна Европа е последната слободна зона од мигранти, критикувајќи ја Унијата дека треба да ги заштити внатрешните граници.

За бегалската криза од 2015 година ја обвинува и организацијата на американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос.