Орбан го изгуби двотретинското мнозинство во парламентот

Унгарскиот премиер ќе се сретне и со премиерот Груевски и спикерот Вељановски

На специјалните избори за претставниците во унгарскиот парламент, во традиционално конзевративниот град Веспрем, независниот кандидат Зилтан Кес, кого го поддржуваат опозициските левичарски партии го победи Лајош Немеди од десничарската страна Фидеш на премиерот Виктор Орбан, кој исто така го изгуби двотретинското мнозинство во парламентотр, пренесува Танјуг.

Од 2010 тата година партијата на Орбан владееше со двотретинско мнозинство. На изборите минатата година, неговата партија со коалициониот партнер Демохристијани, го задржа мнозинството за едно место од вкупно 199 во парламентот.

Орбан го намалил значењето на овие избори и изјавил дека во иднина не е предвидено носење закони за кое е потребно двотретинско мнозинство.

На партијата на Орбан нагло и опадна популарноста кон крајот на минатата година по корупциските скандали и масовните протести поради предложениот данок на интернет, кој подоцна беше отфрлен, а популарнбоста на Фидеса била стабилизирана минатиот месец.