Орбан и Меркел ги исакнаа своите разлики за имиграцијата, но ќе соработуваат

Германската канцеларка Ангела Меркел и унгарскиот премиер Виктор Орбан ги истакнаа во четвртокот меѓусебни разлики по прашањето за имиграцијата, но се подготвени да продожат да разговараат.

Меркел на заедничката пресконференција во Берлин рече дека сака да ја заштити „европската хуманост“ кога станува збор за постапување кон имигрантите и додаде дека „тоа веројатно е она што нѐ раздвојува“.

Орбан овозврати на нападот дека ставот на Унгарија не се променил откако ги затвори своите граници за време на приливот на мигранти во 2015. Посочи дека неговата влада смета оти поставувањето 8.000 граничари долж границата е многу добра солидарност на Унгарија со другите членки на Европската унија.

Германската канцеларка, којашто со својота политика на отворени граници за барателите на азил во прашање на доведе децениската коалиција на германските демохристијани и опстанокот на актуелната влада на ткн Голема коалиција, додаде дека заштитата на надворешните граници на ЕУ е важна и оправдана, но оти членките на Унијата треба да прифатат мигранти, што беше одбиено од Унгарија, како и од другите центарлноевропски членки од ткн Вишеградска група, Чешка, Словачка и Полска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.