четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 36

Орбан: Идните поколенија ќе ги плаќаат грешките на политичаритe околу мигрантите

Не можеме да си дозволиме грешка по прашањето на миграцијата, зашто во таков случај ќе се промени не само нашата Унгарија, но и Унгарија на нашите деца и внуци ќе стане целосно различна. Луѓето го сфаќаат тоа, тие знаат дека за иднината на земјата се работи, истакна Орбан.

orban

Последни вести

Идните поколенија ќе треба да плаќаат за грешките на денешните политичари околу миграциското прашање, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за телевизијата „ТВ 2“, по повод референдумот за квотите за бегалци, што ќе се одржи во Унгарија в недела, пренесе ТАСС.

– Не можеме да си дозволиме грешка по прашањето на миграцијата, зашто во таков случај ќе се промени не само нашата Унгарија, но и Унгарија на нашите деца и внуци ќе стане целосно различна. Луѓето го сфаќаат тоа, тие знаат дека за иднината на земјата се  работи, истакна Орбан.

На 2 октомври во Унгарија ќе се одржи референдум на кој граѓаните ќе треба да ги прифатат или отфрлат квотите за распределба на бегалците во Европската Унија, наложени од самата Унија. Прашањето гласи: „Дали треба да и се дозволи на ЕУ да носи одлуки за преселување лица во Унгарија, кои не се државјани на Унгарија, без согласноста на унгарскиот Парламент?”

Во 2015, Европската комисија за земјите членки на ЕУ воведе квоти за прием на 160.000 бегалци, нелегално пристигнати во Италија и Грција. Но, до овој момент распределени се само еден процент од нив, оти голем дел од земјите фактички не ја почитуваат одлуката на ЕК.

Против планот за задолжителни квоти се Унгарија, Полска, Чешка и Словачка.

Најчитани вести