Балкан

Орбан: Кревањето ѕид не е против Србија, туку за мигрантите

Орбан: Кревањето ѕид не е против Србија, туку за мигрантите
Орбан: Кревањето ѕид не е против Србија, туку за мигрантите

Кревањето ѕид на српско – унгарската граница не е против Србија, туку за спречување на илегалните минувања на мигрантите, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува РТС.

На прес конференцијата по заедничката седница на владите на Србија и Унгарија во Будимпешта, Орбан кажа дека меѓу Србија и Унгарија има добри односи чие зачувување е во интерес на двата народа, а кревањето на ѕидот го квалификува како „изнуден потег“.

-Не станува збор за прашањето на бегалците, туку за еден нов процес на придвижување на големите народни маси. Унгарија ќе инсистира, во соработка со своите соседи, да се преземат адекватни мерки. Сега сме во ситуација маса луѓе да ни доаѓаат, а земјите во Западна Еуропа сакаат луѓето кои веќе се дојдени да ни ги вратат нам, заради што имаме притисок и од југ и од запад, рече Орбан.

Според него, кревањето на ѕидот не значи затворање на границата со Србија, туку само спречување на илегалните премини.

-Овој чекор не се однесува на Србија и не е насочен кон српскиот народ, бидејќи ќе поставиме нови легални гранични премини и ќе ги прошириме. Од Вучиќ побарав да ме разбере за ова прашање и му порачав дека ги има нашите гаранции дека таа мерка (кревање на ѕидот) не е насочена против Србија, бидејќи Унгарија е заинтересирана за мирот, порача Орбан.