Орбан не го доби потребното мнозинство за амандманот за бегалците

Унгарскиот парламент денеска не го прифати амандманот на премиерот Виктор Орбан за Уставот со кој на бегалците би им се забранило да се населат во Унгарија, јави Танјуг.

Како што се наведува, Орбан не ги добил потребните две третини на гласови во парламентот, а за прифаќање на амндманот му недостигале само два гласови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.