Орбан: Поради мигрантите ќе станеме малцинство во Европа

Напливот на бегалци во Европа е бесконечен и доколку ЕУ не ги заштити своите граници, би можеле да дојдат десетина милиони мигранти, изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Реалноста е дека на Европа и’ се заканува масовен наплив на луѓе, преку десетина милиони бегалци би можеле да дојдат во Увропа. Сега зборуваме за неколку илјади, но следните години ќе зборуваме за милиони и на тоа нема крај, наведе Орбан.

Тој посочи дека одеднаш ќе сфатиме дека Европејците ќе бидат малцинство во своите држави и побара од Европа да „покаже сила и да ги заштити своите граници“.

Според него, помеѓу Унгарија и ЕУ постојат разлики во ставовите бидејќи поголем дел од европските лидери сметаат дека на секој треба да му се дозволи влез во Европа.

Ако пуштаме секого, тоа ќе значи крај на Европа, посочи Орбан.

Македонија, Австрија, Србија и Унгарија заеднички ќе се справуваат со мигрантската криза

За таа цел, министрите за внатрешни работи на споменатите земји, денеска во Охрид ќе потпишат  Меморандум за разбирање за преземање неопходни мерки за справување со вонредниот притисок од мигрантската криза која ги засега овие земји.

Македонија, Австрија, Србија и Унгарија заеднички ќе се справуваат со мигрантската криза.

Потпис на Меморандумот ќе стават министрите за внатрешни работи на Македонија, на Австрија и на Србија, Митко Чавков, Јохана Микл-Лаитнер, Небојша Стефановиќ, како и претставникот на МВР на Унгарија, Кристина Берта.

Австриската министерка Микл-Лаитнер, пред заминувањето за Охрид најави дека ќе предложи зголемена соработка во однос на намалување на бранот мигранти низ Балканот.

На состанокот во Охрид ќе бидат разгледани и мерки за заедничка борба против криумчарањето луѓе.