Орбан пред трет мандат за премиер на Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е во водство и се очекува на парламентарните избори кои ќе се одржат во недела да го добие третиот последователен мандат, или вкупно четврт како пермиер. Анкетите покажуваат дека конзервативната полулистичка партија Фидес – Унгарска граѓанска алијанса на Орбан и на Христијанско демократската народна партија ќе освојат меѓу 49 и 51 отсто од гласовите.

Еден од столбовите на кампањата на премиерот Орбан е борбата против мигрантите.  Клулчната порака која ја испрати тој и неговата партија е дека само трет последователен мандат за неговата партија Фидес во владата може да и ја гарантира безбедноста на земјата со оглед на опасноста од мигрантите.

Мигрантската тема е на врвот на агендата на Орбан уште од 2015 година, кога низ Унгарија минаа околу 400 илјади мигранти обидувајќи се да стигнат до западноевропските држави.