недела, 19 февруари 2017  |  Вести денес: 15

Орбан: Сорос сака тајно да влијае на унгарската политика

Соросовите организации работат на тоа да донесат стотина илјади мигранти во Европа спротивно на желбите на Унгарците и нивната влада, вели унгарскиот премиер Виктор Орбан

viktor-orban

Поврзани вести

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека групите кои ги поддржува финансиерот Џорџ Сорос и неговата империја сакаат тајно да влијаат на унгарската политика.

Орбан во говорот за состојбата на нацијата истакнал дека Соросовите организации работат на тоа да донесат стотина илјади мигранти во Европа спротивно на желбите на Унгарците и нивната влада, пренесува АП.

Тој додал дека групите кои делумно ги финансира Сорос треба да бидат транспарентни и препознатливи. Орбан не ги именува, но владини официјални лица претходно ги споменува „Транспаренси интернешнл“ и групите за човекови права како Хелсиншкиот кометет и унгарската Унија на граѓански слободи, наведува АП.

Најчитани вести