Орбан: Законот „Стоп Сорос“ е добар и софистициран

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан пакетот закони под името „Стоп Сорос“ ги опиша како „фино и софистицирано правно дело“, пренесува во петокот нивинбската агенција MTI.

Унгарскиот премеир во интервјуто за радиото Кошут изјави дека ќе биде тешко кој било да пронајде грешка во парламентарната одлука која ја поддржуваат околу 80 до 90 отсто од унгарските пратеници.

Орбан рече и дека на Унгарија ѝ е потребна добро опремена армија без обѕир на проблемите со миграцијата.

„Ако Унгарија денес се соочи со оружена закана, нејзината војска би имала ограничена можност за противнапад“, рече унгарскиот премиер.