Орден за заслуги за Македонија на Петар Ивановски – Тиквар

Претседателот Ѓорге Иванов денеска, по повод државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, го одликува Петар Иваноски – Тиквар, борец и учесник на Првото заседание на АСНОМ, со „Орден за заслуги за Македонија”.

Петар Иваноски – Тиквар се одликува со „Орден за заслуги за Македонија” како истакнат деец, борец на македонското националноослободително движење и учесник на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), кој даде исклучителен придонес во остварувањето на вековниот стремеж на македонскиот народ за слобода и зачувување на својот идентитет и создавање на сопствена, самостојна, суверена и демократска држава, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.