Организаторите на нападите во Барселона и Камбрилс планирале уште еден напад

Организаторите на терористичките напади во Барселона и Камбрилс во четвртокот попладнето и ноќта, планирале уште еден напад кој вклучувал напад со гасни боци, пренесува во петокот агенцијата Reuters повикувајќи се на каталонските иследници.

Според податоците до коишто досега дошла истрагата, терористичката ќелија којашто најверојатно стои зад двата напада со вкупно 14 жртви и над 110 ранети, се состоела од најмалку осум милитанти.

Истрагата е фокусирана на експлозијата од ноќта кон четвртокот во селото Алканар во којашто загина едно лице, а седум беа повредени. Според иследниците, тие лица можно е да биле вклучени во организирањето во четвртокот нападите и планирале истата вечер да предизвикаат експлозии со помош на боци со гасот бутан.

„Веруваме дека тие (осомничените) подготвувале експлозивна направа“, изјавил портпаролот на каталонската полиција, додавајќи дека во Алканар бил уапсен еден од осомничените за подготовка на терористички напад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.