Тимот задолжен за организирање на двојниот концерт на Мирослав Илиќ и Адил Максутовиќ, демантира дека се случил скандал на музичкиот спектакл.
„Концертот беше најавуван како двоен музички спектакл, кој ќе трае четири часа, а настант беше најавено дека ќе го отвори Адил Максутовиќ, за по него на сцената да застане живата музичка легенда Мирослав Илиќ. Така и се случи – по Адил на сцената се појави Илиќ, кој ниту падна ниту излезе пијан. Единствената забелешка која може да биде упатена на сметка на Илиќ е тоа дека настапот го заврши порано од предвиденото, но само поради здравствени проблеми, за што и со изјава и’ се извни на целата македонска јавност
– Се извинувам на целата македонска јавност, што концертот кој без лажни комплименти беше преубав, морав да го прекинам малку порано од предвиденото. Жал ми е што не отпеав се’ што сакав, но жив човек сум и мене може понекогаш да ми се слоши. Последните неколку песни ги отпеав како во бунило, незнам како издржав на сцена, со жалење рече Мирослав Илиќ, кој по слегување од бината мораше да прими соодветна терапија.
А дека алкохолот за него е забранета играчка можете да прочитате во сите можни интервјуа во кои тој потенцира дека со него завршил уште многу одамна, односно во времето кога е напишана неговата најубава балада ’Теби’. Токму со таа тема е означен стартот на едно ново поглавје во неговиот живот, поглавје по кое се декларира како заколнат антиалкохоличар, поглавје по кое го сменил начинот на живот и си го спасил бракот со сопругата Гордана, со која до ден денеска е во среќен брак. Значи сето ова го негира текстот. Мирослав Илиќ ниту падна, ниту музичарите го креваа, ниту излезе пијан. Единственото нешто што го конзумираше вечерта беше соодветната медикаментозна терапија заради фактот дека човекот не се чувствува добро“, се вели во рекацијата.
Понатака се наведува дека концертот бил одржан според планираниот распоред, дека траел временски колку што и претходно бил најавуван и дека изведувачот Адил Максутовиќ не бил исвиркан од публиката.