Организиран прием за македонската кик бокс репрезентација

Во просториите на Агенцијата за млади и спорт беше организиран прием за македонската кик бокс репрезентација, која на неодамна завршеното Балканско првенство во Ниш, Србија постигнаа одлични резултати и ја претставија Македонија во вистинско светло.

„Освоените 6 медали во конкуренција на преку 220 репрезентативци на 10 балкански држави говори за тоа дека Македонскиот кик бокс има светла иднина. Тоа се докажа и во минатото на Европските и Светските првенства, каде нашите репрезентативци во континуитет имаат одлични настапи и се освојувачи на највисоките одличја, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт“, Марјан Спасески.

kik-boks2

Тој им го честиташе успехот на медалистите и им посака уште многу вакви блескави моменти во нивната спортска кариера. Истовремено, и го честиташе и изборот на претседателката на Македонската федерација, Александра Неделковска за претседател на Балканската Кик боксинг федерација, што, како што рече Спасески, претставува уште една потврда за високото реноме и угледот кој го ужива Македонскиот кик бокс во меѓународни рамки.

Македонските репрезентативци беа задоволни од постигнатиот успех и искажаа надеж дека овој успех ќе се повтори и на Светското првенство, на кое наесен домаќин ќе биде Белград.

Претседателката на Кик боксинг федерацијата на Македонија, Александра Неделковска се заблагодари на поддршката која федерацијата ја добива од страна на државата и АМС и најави дека во 2016 година, Република Македонија повторно ќе биде домаќин на едно големо меѓународно натпреварување во Кик бокс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.