Балкан

Орхан Памук: Во Турција владее атмосфера на страв

Орхан Памук: Во Турција владее атмосфера на страв

Турскиот писател и нобеловец Орхан Памук изјави дека во државата владее атмосфера на страв и ја обвини турската влада дека врши притисок врз медиумите и малтретира новинари, пренесе МИА повикувајќи се на интервју во весникот Хуриет.

– Најлошо е што постои страв. Мислам дека сите се плашат, а тоа не е нормално. Слободата на изразување е намалена на најниско ниво, изјави Памук кој во 2006 година доби Нобелова награда за литература.

Тој ја обвини владата дека врши притисок врз медиумите и малтретира новинари.

– Многу пријатели ми рекоа дека тој и тој новинар останал без работа. Сега на малтретирање се подложни дури и новинари кои се блиски до владата, вели Памук (62).

Тој изрази разочараност поради неодамнешните изјави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој вели дека мажите и жените не се еднакви.