понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Орка Холдинг и Аџибадем Систина водечки приватни здравствени оператори во Бугарија

orka-adzibadem-768x512

Последни вести

„Орка Холдинг“, преку Клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со турскиот здравствен гигант „Аџибадем“ денеска потпиша договор за купување на најголемата приватна здравствена установа во Бугарија, јапонската болница „Токуда“, заедно со нејзините подружници („Токуда Груп“). Партнерите потпишаа и договор за спојување со „Сити Клиник“, вториот здравствен оператор во Бугарија, со три болници и три амбулантски центар.

Преку трансакцијата „Токуда“, компаниите ги преземаа 100 отсто од акциите  на „Токуда Груп“, додека трансакцијата „Сити Клиник“ е комбинација од преземање на речиси една третина од уделите на постојните акционери, и промена на акциите на оперативите партнери во новиот комбиниран ентитет. По трансакцијата, 76.5 отсто од акциите на новоформираниот холдинг (SPV) припаѓаат на „Аџибадем“ и „Орка Холдинг“ (преку „Аџибадем Систина“), а 23.5 отсто на акционерите на „Сити Клиник“.

Вредноста на трансакцијата и на новонастанатата компанија е 125 милиони евра.

„Сити Клиник“, основана во 2010 година, е еден од водечките висококвалитетни даватели на интегрирани здравствени услуги во Бугарија, која делува во Софија, Варна и Бургас. Раководи со три болници и три амбулантски центри, меѓу кои единствената болница во Бугарија со акредитација од страна на Меѓународната Комисија за Акредитација (JCI). По отворањето на новиот канцер центар, „Сити Клиник“ доминира на пазарот за кардиоваскуларна нега и нега за канцер во земјата. Софиската болница на „Сити Клиник“ е универзитетска клиника на две од водечките медицински училишта во земјата, каде се комбинираат висококвалитетните клинички услуги, образование и истражување.

orka-adzibadem2-768x512

Клиничката болница „Токуда“ со локација во Софија, се простира на 27.600 квадратни метри и 52.000 квадратни метри изградена површина. Болницата нуди 550 легла, 37 клиники, три хируршки одделенија и 22 операциони сали. Од нејзиното отворање во 2006 година, Болницата брои 386.000 пациенти и извршува повеќе од 13.000 операции на годишно ниво.

„Токуда Груп“ е најголемиот приватен болнички оператор во Бугарија, вклучувајќи општа болница со 550 легла, амбулантски медицински центар, клинички истражувачки центар, аптека и дом за стари лица, сите лоцирани на една локација во Софија. Болницата е отворена во 2006 година како прва приватна болница во Бугарија во сопственост на странски инвеститор со 100% јапонски капитал. Современиот објект од 52.000 квадратни метри се наоѓа во јужниот дел на Софиската област Лозенец. Болницата „Токуда“ функционира како мултидисциплинарен сервис со речиси сите медицински дисциплини. Таа има над 30 медицински оддели и 22 операциони сали.

Со постојана заложба за квалитетно и модерно здравство ги подигнавме стандардите за здравствена грижа во Македонија. Следејќи ги светските достигнувања и трендови во обезбедување на најсовремена грижа за пациентите, ќе продолжиме да бидеме синоним за најдобра клиничка болница во Македонија, а од денес без сомнение, ќе се залагаме за постигнување на тие достигнувања и во Р. Бугарија, изјави генералниот директор на „Орка Холдинг“ Јордан Камчев. Тој исто така најави дека во стратегијата на „Аџибадем“ и „Орка Холдинг“ во рок од две години се планира отворање на четири болници во земјите на Балканот.

orka-adzibadem1-768x512

Двете трансакции ќе доведат до создавање на најголемиот приватен провајдер на здравствена заштита во Бугарија и една од водечките здравствени институции во Централна и Источна Европа. Тоа ќе ги зајакне глобалниот бренд на „Аџибадем“, клиничката и оперативна совршеност и know-how, позициите на пазарот на „Токуда и „Сити Клиник“, високо-квалитетните услуги и угледот. Оваа комбинирана, интегрирана здравствена групација ќе работи под името „Аџибадем Сити Клиник“,  со Мехмет Али Ајдинлар на позицијата претседател на УО и Илиан Григоров како Главен извршен директор.

Трансакцијата е во согласност со Стратегијата на Аџибадем за фокусирање на клучните брзорастечки економии во Централна и Источна Европа и Балканскиот регион. Аџибадем ја согледа потребата за квалификувани и висок-технолошки здравствени услуги во Бугарија и за таа цел ја реализира оваа важна трансакција. Со оглед на глобално-признатиот бренд Аџибадем, добро дизајнираните клинички процеси, софистицираното управување и оперативните пристапи, преку овие 4 болници, Бугарија ќе биде земја која ќе овозможува првокласни и светски здравствени услуги, со што ќе стане центар на внимание во регионот, посочи претседателот и главен извршен директор на „Аџибадем“ Мехмет Али Ајдинлар.

Д-р Токуда е исклучително горд на лидерската позиција на болницата „Токуда Софија“ од нејзиното отворање пред речиси 10 години до денес. Сукцесијата на „Аџибадем“ преку своето докажано искуство, ќе и обезбеди на оваа болница можност да продолжи со водечката улога насочена кон обезбедување на највисоките меѓународни стандарди на грижата за пациентот, смета претставникот на „Токушукаи Медикал Груп“ Артур Штерн.

Оваа трансакција е признание за огромните напори на лекарите, медицинските сестри, здравствените работници и останатиот персонал од „Сити Клиник“ кои напорно работеа и ќе продолжат во најдобриот интерес на пациентите во Бугарија. Ние ќе продолжиме да овозможуваме највисоки стандарди на квалитет на здравствени услуги преку значајни синергии и поддршката од  групацијата Аџибадем, додава главниот извршен директор на „Сити Клиник“ Илиан Григоров.

Трансакцијата на глобално ниво ги зголемува леглата на „Аџибадем“ на повеќе од 3.500 во 22 болници во 3 земји. Во очекување на потребните одобренија и задоволување на одредени услови, договорот се очекува да се затвори во рок од 3 месеци. „Deloitte“ имаше улога на финансиски и даночен советник на Аџибадем и Орка Холдинг за трансакцијата. Правниот советник на Аџибадем и Орка Холдинг, кој ја водеше трансакцијата е „Esin Attorney Partnership“, членка компанија на „Baker & McKenzie International“ Swiss Verein и локален правен советник е Djingov Gouginski Kyutchukov Velichkov (DGKV). Ernst & Young дејствуваа како финансиски и даночни советници на „Токуда Груп“ и нејзините акционери. Правни советници на „Токуда Груп“ за преземањето се канцеларијата за правни работи Braykov и Patton Boggs (Велика Британија) LLP. Dentons и DGKV исто така делуваа како правни советници на „Сити Клиник Груп“ и нејзините акционери.

Најчитани вести