ФОТО: Орландо Блум во Гевгелија

Познатиот англиски актер Орландо Блум во Гевгелија. Тој во улога на амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, денеска го посети прифатниот камп на мигрантите во Гевгелија, јави дописникот на МИА.

По неговото пристигнување во Гевгелија, Блум во прифатниот камп времето го мина во разговор со мигрантите од кои инсистираше да му говорат за проблемите што ги натерале да бегаат од своите земји, за начинот на кој патуваат како и за односот кон нив и приемот во земјите низ кои транзитираат.

Орландо Блум во прифатниот камп во Гевгелија
Орландо Блум во прифатниот камп во Гевгелија

Сепак,ѕвездата на филмскиот серијал „Пиратите од Карибите“ најмногу се интересираше за децата кои со своите родители минуваат тежок пат до саканата дестинација.

За време на престојот во Гевгелија, познатиот англиски актер Блум искористи момент да испрати еден специјален воз со мигранти кој тргна од платформата во прифатниот камп кон Табановце.

Орландо Блум во прифатниот камп во Гевгелија
Орландо Блум во прифатниот камп во Гевгелија

УНИЦЕФ го поздрави зголемувањето на обврските од страна на европските лидери за поддршка на бегалците и мигрантите – обврски што сега треба да покренат итна акција од страна на сите земји-членки на ЕУ за целосна заштита децата.