Орландо подобар од Милвоки, Вашингтон го совлада Бостон по две продолженија

Кошаркарите на Орландо Меџик со 126:117 ги совладаа Милвоки Бакс, додека Вашингтон Визардс дури по две продолженија со 125:124 славеа над Бостон Селтикс.

Џонатан Сајмонс беше најдобар играч на дуелот меѓу Орландо и Милвоки со 35 кошеви за Меџикс кои има шут од игра 50,6 отсто и чиишто играчи постигнаа 18 „тројки“. Аугустин одаде 32 поени, а Никола Вучевиќ 22 кошеви. Кај Бакс, пак, најдобар беше Јанис Антетекумпо кој мечот го заврши со 38 кошеви, 10 скокови и 7 асистенци, додека Крис Мидлтон уфрли 22 поени.

Лос Анџелес Лејкерс со 106-117 загубија од Голден Стејт Вориорс во натпревар во кој двете екипи настапија без своите најголеми ѕвезди.

Лејекерс, кои играа без Брендон Инграм, Џош Харт и Кајл Кузма, беа изедначени со Вориорс на полувремето по кошот на Лоренцо Бол на крајот од втората четвртина и дојдоа во водство од два поена по кошот на Кентавиус Колдвел-Поуп. Но тоа воедно беше и последното водство на Лејкерс на мечот бидејќи Вориорс направија недостижна серија од 21:5.

Кевин Дурант ги предводеше Вориорс, кои играа Стеф Кари, Клеј Томпсон и Драјмонд Грин, со 26 кошеви и 6 асистенции. Најдобар кај Лејкерси беше Џулиус Рендл со 22 кошеви, а Ајзеа Томас и Брук Лопез додадоа по 20 поени.

Другите два натрпевара кои се играа ноќта кон четвртокот беа решени во продолженија.

Вашингтон Визардс дури по две продолженија славеа против Бостон Селтикс со 125:124. Ото Портер Џуниор и Маркиефф Морис погодија заедно 11 „тројки“, додека Бредли Бил доде 34 кошови за гостинската победа на Визардс.

Џејсон Тејтам не погоди „тројка“ којашто можеше да му донесе победа на Бостон на 3,2 секунди до крајот на второто продолжение. Најефикасен кај Селтикс, кои играа беа повредените Кајри Ирвинг, Ал Харфорд и Џејлен Браун, беше Маркус Морис со 31 поен.

Сакраменто Кингс со 123:119 по продолженијата славеа над Мајами Хитс. До победата ги водеше Бади Хилд со 24, а Зак Рандолф додаде 22 поени и девет скокови. На Мајами не им помогнаа ни Горан Драгич со 33 кошеви, како ниту Вејн Елингтон кој погоди шест „тројки“ за вкупно 22 поени.