Орландо сензационален против Кливленд, втор пораз на Вориорс

Победувајќи ги актуелните вицешампиони во НБА, Кливленд Кавалирс во нувнакта „Квикен Лоанс Арена“, со 114:93, кошаркарите на Орландо Меџик го прекинаа најдолгиот пост без победи против некој тим од најсилната кошаркарска лига на светот, кој траеше 17 мечеви и релиси цели пет години.

Последната победа против Кливленд Квалирс, тимот од Орландо ја оствари на 23-ти ноември 2012 година и од тогаш Кавсите остварија 17 последователни победи, што и за нив претставуваше најдолга победничка серија против некој клуб од НБА Лигата.

Леброн Џејмс и соиграчите ниеднаш не беа во водство во текот на мечот, а најголемата предност на Орландо во еден момент изнесуваше и 37 поени. Најдобар играч на Орландо беше Никола Вучевиќ со 23 коша, 7 скокови и 5 асистенции, додека Џонатан Сајмонс постигна 19 поени. Свој придонес имаше и Марио Хезоња кој додаде 11 поени со шут 4 погодоци од 5 обида и три од три за „тројка“ покрај 6 скокови. Леброн Џејмс даде 22 коша за домашните, Иман Шампет 21, а Кевин Лов 19, а натпреварот го пропушти плејот Дерик Роуз.

За Кавалирс (2:1) ова беше првиот пораз во сезонава, а по три одиграни натпревари неочекувано лошо стојат актуелните шампиони Голден Стејт Вориорс кој имаат скор од една победа и два пораза, а ноќта кон неделата беа поразени на гостувањето во Мемфис со 101:111. Вориорс во текот на првата четвртина во неколку наврати имаа предност од пет поени, но на крајот од овој дел Мемфис беше во водство од 3:26. Гризлис оваа предноста ја зголемуваа до максималните 19 кошеви кон крајот на третата четвртина.

Голден Стејт во последната четвртина успеа да ја намали разликата, а во последниот обид да направат пресврт шампионите останаа без двајцата најдобри играчи. Поради приговор на судењето Стивен Кари и Кевин Дирант беа исклучени 43 секунди пред крајот на мечот, откако Кари со полагање го постигна својот 370ми кош и бараше дополнително слободно фрлање со кој Вориорс ќе дојдеа до минус 7.

Убедливо најдобар играч кај Мемфис, кој има две победи од два натпревара, во оваа голема победа беше Марк Гасол со 34 поени и 14 скокови. Покрај К?ари, кај Вориорс меѓу најдобрите беше и Дурант со 29 поени и 13 скокови.

Најуспешниот тим на стартот од лигата во првите три кола се Хјустон Рокитс. Откако на отворањето на сезоната славеа во Окленд, до скорот 3-0 дојдоа победувајќи ги на домашен терен Далас Маверикс со 107:91. Во последната минута од третата четвртина „ракетите“ имаа предност од дури 36 поени, па до крајот се опуштија дозволувајќи му на противникот да ја избегне катастрофата. Џејмс Харден со 29 кошеви и 7 асистенции беше најдобар на мечот. Ерик Гордон ја пополни позицијата на плејмејкер наместо повредениот Крис Пол и постигна 18 поени, Кај Далас стрелците ги предводеа со по 19 поени Џеј Џеј Бари и Јоги Фарел.

Поединечно најдобар почеток на сезоната има Јанис Антетокунмпо кој е најзаслужен што Милвоки ( со скор 2:1) успеа во својата арена да го совлада Портланд со 113:110 и на Трејл Блејзесите да им го нанесе првиот пораз (2:1). Грчкиот репрезентативец уфрли 44 кошеви, што е негов најдобар скор во досегашната кариера, но за малку ќе беше и трагичар на мечот.

На 30 секунди до крајот при водство на Портланд о 110-108, Антетокунмпо не ги реализираше двете слободни фрлања. Но во следниот напад на гостите им ја украде топката и во контранапад „заби“ за водство на Бакси од 111:110. На Портланд му останаа уште 12 секунди за последниот напад во кој Антетокумпо го блокираше обидот да забие на Јусуф Нуркиќ и му го донесе триумфот на домаќинот.

Покрај грчкиот репрезентативец, најдобри кај Бакси беа Крис идлтон со 18 поени и Тон Снел со 17 кошеви. Портланд со по 26 поени го предводеа Демиен Лилард и Си Џеј Мекколам, додека Нуркиќ имаше 17 кошеви и 11 скокови.

Минатогодишниот најдобар играч во регуларниот дел од сезоната Расел Вестбрук имаше катастрофална шутерска вечер со 2 погодока од 11 обида, што ја доведе Оклахома до пораз од 87:96 на гостувањето во Солт Лејк Сити. Вестбрук мечот го заврши со само 6 поени, со 13 скокови и 9 асистенции. Кармело Ентони даде 26 кошеви, а Пол Џорџ – 22, но тоа не беше доволно за победа. Јута Џез со тимска игра ја скрши Оклахом, а најефикасни кај неа беа Џо Англс со 19 поени, а по 16 кошеви постигнаа Рики Рубио и Руди Гоберт, на што францускиот центар придодаде и 13 скокови.

Филаделфија беше убедливо совладана со 94:128 на гостувањето кај Торонто. Домашните стрелци ги предводеше Демар Дерозен со 30 кошеви, Серж Ибака додаде 21 поен, а Кили Лоури 17 поен. Младиот тим на Филаделфија во сезоната влезе со три порази, а единствена светла точка во сите три дуели е Австралиецот Бен Сајмонс, кој во Торонто постигна 18 кошеви и 10 скокови и 8 асистенции. Со тоа стана единствениот играч покрај легендарниот Оскар Робертсон кој во првите три натпревара во НБА Лигата постигнал двоцифрен број кошеви и скокови, а притоа поделил и по најмалку по пет асистенции.

Мајами како домаќин ја совлада Индијана со 112:108. Словенецот Горан Драгич со 23 поени беше најдобар кај домашните Хитс, а Дион Вејтерс додаде 19 поени. Двата тима играа без стартните центри, кај Мајами е повреден Хасан Вајтсајд, а кај Индијанба Мајлс Тарнер кој претрпи потрес на мозокот. Виктор Олдапио со 28 кошеви беше најдобар стрелец кај Пејсерси.

Уште еден тежок пораз, овојпат од 88:130, претрпеа Феникс Санс на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс, Блејк Грифин ја предводеше победничката екипа со 29 поени и 8 скокови. Лоу Вилијамс даде 18, а Патрик Беверли 15 поени. Кај Феникс најдобар стрелец беше Алекс Лен со 15 кошеви.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.