Оружени инциденти во Скопје

Две девојки се ограбени во саботата под закана со огнено оружје во скопскиот Градски парк додека, во одделен инцидент нивен сограѓанин се самоповредил со дијабола, информираше СВР Скопје.

Вчера вечерта во Градскиот парк во во Скопје, од страна на две непознати лица лица извршено е разбојништво над 28-годишната Д.П. од Скопје.

Имено, додека Д.П. седела со нејзина другарка 28-годишната И.Б., исто така, од Скопјем им се доближиле сторителите, при што едниот ѝ вперил пиштол во пределот на градите, и им ги одзеле чантите. Во чантата Д.П. имала паричник со 1.300 денари, лични документи и мобилен телефон, а додека, пак, од И.Б. одзеле 1.200 денари, рачен часовник и мобилен телефон, по што го напуштиле местото на настанот.

Претходно околу 13,20 часот во Единица за информирање и команда – Скопје од Ургентен Центар „Мајка Тереза“, било пријавено дека кај нив е донесен 34-годишниот Б.М. од Скопје, со прострелна рана на десната подлактица. Повредениот се здобил со раната од сигнален пиштол во којшто ставил дијабола, а при испалување пиштолот се скршил, а дијаболата го повредила во подлактицата. Од страна на доктор констатирана му е телесна повреда и е задржан на натамошно лекување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.