Оружје на ИД уништено при воздушни напади во Ирак

Француски воени авиони минатата ноќ уништиле 12 објекти во Ирак, во кои биле сместени арсенали со оружје на борците на групата Исламска држава.

Франција беше прва земја која се вклучи во коалцијата предводена од САД, за спроведување на операцијата против бунтовниците од Исламската држава, но сега најави дека од овој месец  ќе го зајакне интензитетот на воздушните напади во Ирак.