Оружје украдено од полициски магацин во Црна Гора

Бугарската полиција заплени хероин во вредност од речиси 260.000 евра

Триесет снајпери и значителна количина муниција се украдени од полициски магацин во зграда во која претходно бил Центарот за безбедност во Подгорица.

Инспекторите привеле на информативен разговор повеќе свои колеги како и магационери кои имале клучеви. Засега никој не е официјално осомничен.

Полицијата смета дека пушките кои освен снајпер имале и придушувачи, завршиле на илегалниот пазар.

– По преселувањето на ЦБ во Подгорица во нови простории во Управата на полицијата, дел од оружјето останало во магацинот. Таму имало пушки со снајпери и придушувачи, како и околу 10.000 парчиња разна муниција, изјави за Дан соговорник од полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.