Осака и Касаткина ќе се борат за титулата на Индијан Велс

Наоми Осака

Супер талентираните млади тенисерки, Наоми Осака и Дарија Касаткина ќе се борат за трофејот на турнирот во Индијан Велс. Ова е резултатот од полуфиналните битки на еден од најзначанините турнири на ВТА патувањето во кои 20-годишните тенисерки ги надиграа фаворизираните Симона Халеп и Венус Вилијамс.

Јапонската тенисерка Осака лесно и за еден час игра со 2:0 во сетови, 6:3 и 6:0 во гемови ја победи првата носителка, Романката Симоне Халеп. Ова за Јапонката беше четврта победа во кариерата над тенисерка од првата десетка на листата, втора во оваа недела.

Таа во големото финале на Индијан Велс ќе игра против Русинката Касаткина која ја совлада Венус Вилијамс. Во мечот, кој траеше скоро три часа, Русинката ја совлада домашната фаворитка Вилијамс со 4:6, 6:4, 7:5 и обезбеди пласман во најголемото финале во нејзината кариера.