Оштетена работилница во Градец

Во временскиот период од 27 до 29.08.2014 година на автопатот Гостивар-Тетово, во атар на с.Градец, во хала наменета за автомеханичарска работилница сопственост на Ш.И.(52) од с.Градец, од страна на непознат сторител извршено е оштетување на тој начин што пукајќи со огнено оружје оштетено е едно прозорско стакло, при што проектилот завршил во ѕидот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.