Македонија

Оштетени 66 куќи во полициската акција во Куманово

Оштетени 66 куќи во полициската акција во Куманово

Шеесет и шест куќи и 121 семејство што живее во кумановската населба „Тоде Мендол“ претрпеле материјална штета за време на полициската акција изминатиот викенд.

Ова се првичните проценки на комисијата за проценка на штети, составена од владини претставници и претставници од Општина Куманово, пренесува МИА.

Станува збор за првичен список, информираше секретарот на општината Валентина Алексовска, кој е проследен до Владата и до општината.

Врз основа на утврдениот првичен список Општина Куманово ги додели унифицираните 125 пакети со храна и хигиенски производи до претставниците на месната заедница „Тоде Мендол“ кои, пак, додаде таа, треба да им ги поделат на жителите од засегантото подрачје.

Проценката на оштетените објекти и имотот на жителите во засегнатото подрачје продолжува и наредните денови.