Оштетени новите контејнери за селектирање отпад

Директорот на ЈП„Комунална хигиена“ Ракип Дочи, денеска  на прес конферецијата по повод оштетувањата на новопоставените контејнери за селектирање на отпад, упати апел до сторителите  да не ги оштетуваат контејнерите,  до граѓаните да ги чуваат и да внимаваат на нив, како и до надлежните комунални редари и секако до полицијата, каде што ќе се поднесат пријави за непознат сторител, стои во соопштението од Град Скопје.

Штетата којашто ја нанесуваат несовесните граѓани коишто ги оштетуваат овие контејнери за селектирање отпад прават двојна штета, бидејќи покрај нанесената финансиска штета, кршејќи ги затворањата на капаците и самите контејнери, парават штета и одвраќајќи ги граѓаните коишто веќе создале навика да го селектираат отпадот да го прават тоа, велат од Јавното претпријатие.

„ЈП„Комунална хигиена“ со цел да го подобри менаџирањето со комуналниот отпад во текот на изминатив викенд го почна заменувањето на металните контејнери со пластични контејнери за  ПВЦ амбалажа и лименки, но за жал, сведоци сме на нивното оштетување, односно на вандализам.  По тој повод ја одржувам оваа прес-конференција на која сакам да ги информирам граѓаните дека се оштетени поголем број на поставени пластични контејнери, односно им е расипан системот за затворање на капаците со магнет и тоа околу 100 контејнери во општина Аеродром и 100 на територијата на општина Карпош. На пример, сите поставени контејнери  на улица „Френклин Рузвелт“ се оштетени и во нив веќе може да се забележи дека има измешано секаков отпад“- истакна директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Ракип Дочи.

ANE_5980