Оштетените од „Фиком“ утре на масовен протест

Групата граѓани кои беа оштетени во големата афера со станови од фирмата „Фиком“ утре ќе излезат на протест пред една од зградите на оваа компанија.

Координативното тело формирано од страна на оштетените информира дека ќе протестираат пред зградата „Антигона“ кај Стара Рампа во скопската населба Кисела Вода во 11 часот.

Оштетени во оваа мегаафера веќе осум години неможат да најдат решение за својот проблем. Аферата избувна кога беше откриено дека сопствениците на „Фиком“ еден ист стан продавале на повеќе лица.