Оштетено возило на грчки државјанин во Охрид

Вечерта мешу 15-ти и 16-ти август во периодот од 22 до 10 часот на паргингот Горна Порта, оштетено е возило од марката Ауди, со грчки регистарски таблички, во сопственост на грчки државјанин.

На возилото бил испишан текст MK is not GR, GR=MK со спреј, анаправени се и вулгарни цртежи.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Охрид и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.