Оскар: Фабрегас е главниот фудбалер во тимот

Фудбалерот на Челзи, Оскар инсистира дека летното засилување Цеск Фабрегас со неговите “убави додавања” сезонава го поведе тимот на едно друго, повисоко ниво.

“Сините” минатата сезона завршија како третопласирани, но сезонава сеуште незнаат за пораз и после десет првенствени кола се наоѓаат на првото место на табелата во Премиер лигата.

Оскар, кој беше стрелец на еден погодок, а воедно и еден од најзаслужните во тимот за победата од 2:1 против КПР, нагласи дека Фабрегас е играчот кој треба да добие најмногу кредит.

“Цеск изведе прекрасно додавање до мене” , рече Оскар за клубскиот канал.

“Беше перфектен момент да се шутира и кога топката дојде едноставно решив, сега! Незнам дали е мојот најдобар гол – ќе треба да го видам повторно, но секако беше преубав гол”.

“Сепак, Цеск е фудбалерот кој многу му помага на тимот, особено со неговите додавања и асистенции. Иако пристигна годинава, тој веќе е еден од најдобрите во тимот и уживам додека играме заедно”.

Челзи во саботата славеше против Квинс Парк Ренџерс со 2:1 и продолжува осамен на врвот на Премиер лигата, а својот следен натпревар го игра веќе во среда, против Марибор во Лигата на шампионите, тим за кој настапува и нашиот Агим Ибраими.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.