Оскаровецот Стораро ќе снима македонски филм

Еден од најистакнатите светски кинематографи, оскаровецот Виторио Стораро, ќе снима филм во Македонија, насловен „Мајсторот“. Се работи за македонски копродукциски филм,  во режисерот Иво Трајков.

Името на Стораро се поврзува со педесетина филмски наслови. Тој има добиено оскар за „Апокалипса сега“, „Црвени“, и „Последниот император“.

Во новиот македоснки филм што би требало да почне да се снима во септември, ќе бидат ангажирани  врвни македонски и турски актери,како еден од најдобрите бугарски актери.

Приказната во филмот е за голем црквоградител, кој не се откажува од градење на црква и по цена на својата глава.