Ослабениот Јунајтед го напаѓа Вест Хем

И покрај големите проблеми со почетниот состав, повредени се Робин ван Перси, Мароуане Фелаини и Нани, актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед, важи за апсолутен фаворит во денешниот првенствен дуел против екипата на Вест Хем.

Според последните информации кои пристигнуваат од “Олд Трафорд”, Вејн Руни ќе биде подготвен за игра, иако во изминатите неколку дена се жалеше на повреда, а Дани Велбек најверијатно ќе му биде партнер во нападот.

Моментално второпласираниот тим на табелата, Ливерпул ќе се обиде да ја искористи преднодта на домашниот терен во дуелот со новајлијата во елитното друштво, екипата на Кардиф, а нови три бода на своето конто најверојатно ќе запише и тимот на Манчестер Сити кој важи за апсолутен фаворит во саботната пресметка против екипата на Фулам.

Денеска на програмата: Ливерпул – Кардиф, Кристал Палас – Њукасл, Фулам – Манчестер С., Манчестер Ј. – Вест Хем, Стоук – Астон Вила, Сандерленд – Норвич, ВБА – Хул.