Ослабнела 40 килограми за да ја добие работата од соништата

Брин Берг (40) во еден момент во својот живот почнала брзо да се дебелее, успеала да достигне до 104 килограми. Четири години подоцна, оваа решителна жена успеала да ослабе 40 килограми, со надеж дека на тој начин ќе биде во можност да се занимавава со работа од своите соништа – глумата.

Брин сега е многу поздрава и се чувствува одлично, а пред е горда на себеси за својата неверојатна трансформација.

Брин престанала да обрнува внимание на исхраната, на нејзиното мени се наоѓала брза храна и големи количини на мајонез.

– Се откажав од своите соништа за да станам актерка. Останував на моето биро и повеќе од очекуваните осум часа, а за тоа време не престанував да јадам грицки или брза храна. Исто така, на речиси секој оброк додавав огромно количество на сол и мајонез. Сигурна сум дека дневно внесував околу 5.000 калории. Не гледав ниту трошка надеж дека некогаш би можела да ги постигнам своите соништа, вели Брин.

Пресвртот се случил кога имала 36 години и сфатила дека има 104 килограми.

-Бев несреќна и не бев здрава. Отсекогаш ја сакав глумата и да снимам филмови, па одлучив да се обидам.

Почнала да вежба во теретана и да се храни зраво, а воедно и земала часови по глума. Во 2010 година Брин имала 70 килограми, имала енергија и не чувствувала потреба да се крие од светот. До 2014 година одглумила три улоги.

-Секогаш постои надеж да се верува во себе, порачува Брин.